2win800x200

Реконструкција на патот за грчка граница, Новаци и влезот од Прилеп

Ноември 24, 2017

Санација и реконструкција на патниот правец од Битола за грчка граница,  на оној од Битола за Новаци и санација на влезот од страната на Прилеп,  како проекти се вклучени во годинешната програма на Агенцијата за државни патишта на РМ. Ова било договорено  на вчерашната средба меѓу битолската градоначалничка Наташа Петровска и директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов.

Со ова во идниот период се очекува да бидат реконструирани овие патни правци кои досега беа само крпени и поголеми инфраструктурни зафати немало подолго време, со исклучок на излезот за Прилеп кој преку прокет на ЕУ беше самиран но до бензиската на „Лук Оил“, а патот понатаму не наликува на градски приод. Во слична ситуација е и патот за грчка граница каде минатата година кога се крпеа дупките, ставениот асфалт место со валјак, работниците го тапакаа со нозе.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани