2win800x200

„Вечер на пријателство" меѓу збратимените општини Новаци и Дуги Рат од Хрватска

Октомври 29, 2019

Во знак на долгогодишното пријателство збратимените општини, Новаци и Дуги Рат од Р.Хрватска организираа заеднички културно-уметнички концерт „Вечер на пријателство" кој се одржа во општинската сала во Новаци .

На фолклорната вечер присуствуваше градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски како општина домаќин на настанот, градоначалникот на општина Дуги Рат од Р.Хрватска Јерко Роглич, претседателот на Фолклорната федерација на Македонија -ЦИО  Антонио Димитровски, претседателот на хрватскиот центар и Македонско-хрватското друштво Марко Марулич од Битола ,Бранко Маретич , гости од локалната самоуправа и Советот од Дуги Рат како и фолклорни друштва КУД НОВАЦИ од Новаци , КУД Илинден од Битола и КУД Далмација од Сплит .

76227406 2462820920480696 8648267489194541056 n

 Општина Новаци и општина Дуги Рат се збратимени од 2013 година, а најзаслужен за иницијативата за збартимување е Бранко Маретич претседател на македонско-хрватското друштво „Марко Марулич“ од Битола.Веќе 6 години се одржуваат и негуваат пријателските односи и соработки  како и меѓусебни размени помеѓу двете општини .

-Како општина ја имаме честа да бидеме домаќини на културно-уметничкиот концерт „Вечер на пријателство" кој го организиравме во чест на долгогодишното пријателство и збратимување со општина Дуги Рат од Р.Хрватска .Нашата идеја беше заедно двете општини , двете фолклорни друштва и КУД Илинден од Битола да организираме една ваква вечер каде заедно ќе ја славиме традицијата , културата , фолклорот на двете збратимени општини .И покрај далечината ние успеавме да се почитуваме да одржуваме постојана комуникација и да придонесуваме во приближувањето на двете општини градејќи цврсти мостови на пријателство и соработка“-истакна градоначалникот Кузманоски.

75439510 1415017981988302 3488408257838448640 n

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани