2win800x200

„Водовод“ апелира на рационално трошење на водата за пиење, контролите ќе зачестат

Октомври 30, 2019

На рационално користење на водата за пиење повикува првиот човек на ЈКП Водовод -Битола , Горан Козаров поради сушата што изминатиот период го зафати регионот и најавува зачестени контроли за евентуална злоупотреба на водоводниот систем.

Козаров вели дека состојбата е загрижувачка, но претпријатието со сите расположливи ресурси ја контролира ситуацијата.

-Апелираме на заштеда и рационално користење на водата од градскиот водовод, контролите од наша страна се зачестени и секоја злоупотреба ќе се казнува, вели Козаров.

Директорот на ЈКП Водовод вели дека заради сушата се приближуваме кон алармантно ниво , тоа значи дека шеснаесет недели со ред се пумпа вода од Хидросистемот Стрежево, интензивно со три-четири пумпи.  Квалитетот на водата е се уште добар,за што се вршат зачестени испитувања во Филтерницата за квалитетот на водата да биде на исто ниво како што треба да биде по сите светски стандарди.

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани