2win800x200

Трите близначки Ана, Марија и Атанасија Момоковски од Градешница со сребрен медал на меѓународниот карате турнир ФЕНИКС ОПЕН во Србија

Ноември 01, 2019

Трите близначки  Ана,Марија и Атанасија од с.Градешница , општина Новаци  се закитија со сребрен медал во ката тим на меѓународниот карате турнир ФЕНИКС ОПЕН кој се одржа во Врање ,Р.Србија на 20 Октомври оваа година.

Со неполни 9 години, трите близначки веќе 4 години тренираат карате во карате клубот “ЗАНШИН- ДО”  Битола и постојано учествуваат на домашни и меѓународни натпревари во  категорија ката тим  генерација 2011/10 година освојувајќи златни ,сребрени и бронзени медали .Имајќи ги во предвид нивните карате вештини , близначките се потенцијални кандидати за во репрезентација.

Карате Клубот "ЗАНШИН-ДО"-Битола настапи во 55 категории и се закити со два пехара-пехар за најмасовен настап и пехар за трето пласирани по постигнати резултати  во севкупен пласман во кати и борби, 3 злата, 8 сребра и 16 бронзи.

Со златен медал се закитија : Симона Ѓоревска  кати  сениори , Антониа Дамчевска  кати 2008/09 год. и  Марија Марковска кумите -50кг. Со сребрен медал во кати индивидуално се закитија: Евгениј Поповски 2010год, Јасна Дунгов 2011 год, Надалина Талевска 2010, Леона Алиловска 2008/2009год. Лука Груевски 2007/06,Стефанија Петковска 2003/02 год. и ката тим Атанасија Момоковска, Ана Момоковска и Марија Момковса 2011/10 год. Со бронзен медал се закитија во кати инивидуално : Јован Стојковски освои два медала и тоа во категорија 2013 год. и помлаи и 2012 год.,Евгенија Поповски 2010 год., Марија Момоковска2011 год.Егенија Наумовска 2008/2009 год.Ана Димовска Чонтева освои  две бронзи 2009/08год. Елена Јончевска освои  две бронзи 2009/08год. Ива Симоновска 2007 год.  Марија Марковска 2004/05 год. Стефанија Петковска  2003/02 год. и кумите -55кг. во ката тим . Со бронзен медал во ката тим се закитија: Надалина Талевска. Евгениј Поповски и Димитар Петковски машки тим 2011/10год Надалина Талевска, Евгениј Поповски и Јасна Дунгов женски тим 2011/10 год.,Лука Груевски, Евгенија Наумовска и Ана Костојчиновска женски тим 2007/06 год. и Илина Мојанчевска, Тони Кулевски и Давид Стојчевски машки тим 2008/09 год.

Особена благодарност  до Општина Новаци и  градоначалникот  Љубе Кузмановски кој несебично и во континуитет  ги подржува во нивните настапи.Клубот доби  поддршка  и од компанијата Кромберг и Шуберт од Битола .На овај натпревар тројката Момоковски од општина Новаци повторно во дисциплина ката тим 2011/10 год. стигнаа до финале каде загубија со 3:2  и се закитија со сребро.

 К.К„ЗАНШИН“-Битола не застанува тука на 16 Ноември  ќе настапи на државно првенство за пласман за Балканско  првенство а на 24  ноември ќе настапи во Лесковац на меѓународен турнир.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани