2win800x200

Џамбо Агушеви Оркестар и Благојче Трајковски на фестивалот „Музика од светот“

Ноември 04, 2019

Џамбо Агушеви Оркестар настапува  на фестивалот МУЗИКА ОД СВЕТОТ во Битола, заедно со долгогодишниот пријател и соработник Благојче Трајковски и ќе биде првото нивно концертно претставување во градот на конзулите.

 Џамбо Агушеви Оркестар е дувачки оркестар еден од највпечатливите македонски музички брендови ширум светот. Предводен од големиот виртуоз на труба Џамбо Агушев, овој оркестар е прогласен за Најдобар дувачки оркестар на Балканот. Нивната музика е специфичен спој на балканска традиционална музика со влијание на џез, поп, свинг и филмска музика и сето тоа изведено од нив на сцена претставува вистински спектакл. Франција, Германија, Холандија, Швајцарија, Австрија, Хрватска, Словенија, Шведска, Данска, Норвешка, Чешка, Полска, Унгарија, Бугарија, Романија, САД, Канада, Мексико, Колумбија и многу други, се само дел од државите каде ја презентирале својата музика и не оставиле рамнодушен ниеден слушател.

Џамбо Агушев е еден од најдобрите трубачи на денешнината. Неговата префинета интерпретација претставува микс на балканските музички звуци збогатени со многу други музички правци. Исклучителен темперамент, енергија, виртуозност и шарм се само дел од карактеристиките кои го опишуваат овој инструменталист на сцената. Соработува со многу светски музички имиња, а заедно со својот оркестар е еден од најголемите репрезенти на балканската музика ширум светот.

Благојче Трајковски е еден од најдобрите кларинетисти на Балканот и единствениот интерпретатор кога е во прашање чистиот македонскиот мелос и традиција. Во неговата карактеристична интерпретација се забележува една силна емоција, префинет звук, виртуозност, многу јасен, конкретен и лесно препознатлив стил на свирење. Неговата концертна изведувачка дејност е во придружба на неколку музички состави, а неговиот кларинет е достојно претставуван низ многу концертни сали насекаде ширум светот.

апла.мк

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани