2win800x200

Финската ѕвезда на хармоника Хели Сиекинен на 15 ноември настапува на фестивалот „Музика од светот“ во Битола

Ноември 05, 2019

Финската ѕвезда на хармоника Хели Сиекинен  на 15 ноември настапува на фестивалот „Музика од светот“ во Битола, концертот е  во придружба на Битолскиот камерен оркестар.  За Хели се вели дека е една од реформаторите на нејзиниот инструмент.

Таа свири со отменост и страст, со звук кој е навистина уникатно нејзин.

Огнениот, но и елегантен стил ја натера публиката ширум светот да се заљуби во нејзината музика.

Душата на инструментите оживуваат во рацете на Хели и допираат до слушателите на влијателен начин.

Хели го започна своето музичко патување на тригодишна возраст со класичната хармоника. Нејзиното прво учество на натпревар беше на шестгодишна возраст со што успешно ја започна својата натпреварувачка кариера. Пет пати била првонаградена на натпревариите во Финска,а добитник е на второ и трето место на светските првенства во Италија и Данска.

Учела класична хармоника кај врвни педагози: Владимир Долгополов (Русија), Ерик Брандер (Финска), Алпо Похија (Финска), Фридрих Липс (Русија) и Мати Рантанен (Финска). Дипломирала во 2004 година на конзерваториумот Јиваскила во Финска.

Интересот кон музиката во сите свои форми ја водел кон многу проекти. Настапувала како солист или како дел од бројни ансамбли во концертни сали, театри и клубови со разновидни репертоари. Еден од ансамблите беше и “Квинтето Фуего”, кој стана нејзина страст од 2001 година. “Квинтет Фуего” го изведуваше танго Нуево од Астор Пијацола и учествуваше на меѓународниот натпревар “Астор Пијацола” во 2004 година во Италија, пласирајќи се на второ место со одлични рецензии.

Музиката на Пијацола беше инспирацијата за Хели да ја проучи уметноста на бандонеонот. Доби покана да студира со Петар Соаве (САД) кој го жирираше натпреварот “Астор Пијацола”. Таа го свиреше нејзиниот дебитантски концерт во 2010 година како солист заедно со симфонискиот оркестар на Универзитетот Јиваскила со што стана првиот и единствен бандонеонист што изведува Концерт на бандонеон заедно со оркестарот “Аконкагва” во Финска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани