Четворица работници на МЕПСО полесно повредени при вчерашниот пожар на трафостаницата во Битола

Ноември 06, 2019

Четворица вработени во МЕПСО биле пренесени на превентивни прегледи во битолската болница  по пожарот  што  избувна вчера околу 14 часот   во  трафостаницата „Битола 2“, во атарот на Новаци. Лекарите констатирале лесни повреди и ниту еден од нив не е задржан на лекување, потврдија од МЕПСО

И  во битолската полиција во попладневните часови на 5 ноември било пријавено дека при работни задачи во трафостаницата 400/110 kW – Битола 2 избувнал пожар во прекинувачот, при што била опожарена дел од опремата за работа. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Поради дефектот  во  трафостаницата на МЕПСО,  од електроенергестскиот систем испаднаа два блока на РЕК Битола, а од таму соопштија  дека кај нив не се детектирани проблеми. Едниот блок  во мрежа беше вратен синоќа, а другиот утрово  и испорачуваат електрична енергиј согласно потребите, а филтрите се повтроно во функција, информираат од комбинатот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани