Webp.net gifmaker

Битолчанецот Оран Јашаровски-Пантер ќе боксува на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“

Ноември 07, 2019

Од денеска па се до сабота во државата се одржува Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, кој годинава го одбележува  50 јубилејно издание.  На турнирот кој ќе се одржи во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје учествуваат 8 земји од светот.

Со свое учество ќе се претстават четворица боксери од Македонија ,меѓу кои и битолчанецот  19-годишниот Оран Јашаровски-Пантер .

Јашаровски ќе настапува во категорија до 56 килограми и тренира во боксерскиот клуб „Пелистер“-Битола.

Од неговиот клуб велат дека две недели се подготвува со македонската репрезентација предводена од кубанскиот селектор Хесус Сојет.

Четвртфиналните натпревари се закажани за денеска со почеток во 16 часот. Полуфиналето е во петок . Додека финалните борби ќе се одржат во сабота од 15 часот.

73221961 427270007971026 5706411377598398464 n

-Јашаровски со бокс се занимава од својата 10 годишна возраст и уште од мал е вешт како пантер, по тоа и го доби својот прекар. Како боксер е многу силен и наликува на Мајк Тајсон, велат од боксерскиот клуб Пелистер.

75594378 407489453253697 983563419342864384 n

А.Б

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани