Webp.net gifmaker

Зелениот отпад од каналите и речните корита од Општина Новаци ќе се претвора во биомаса, вели градоначалникот Кузманоски

Ноември 07, 2019

Зелениот отпад од каналите и речните корита од Општина Новаци ќе се претвора во биомаса која ќе се користи за загревање на детската градинка , амбулантата и горниот кат од Младинскиот центар во Новаци. За таа цел Општина Новаци веќе ја набави потребната механизација (трактор, приколка, балирачка, специјална хидраулична рака за сечење на вегетацијата) за чистење и сечење на нискостеблестата вегетација од речните корита. Останува да се набави котелот за парно греење специјализиран за биомаса. Буџетот со кој располага Општина Новаци е во висина од 216  илјади евра, а буџетот на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието е околу  50 илјади евра.

76689082 426194455001287 2578980243222036480 n

Општина Новаци успешно ја реализира дводневната работилница за формирање на Кластер за биомаса со партнерите од Република Грција во рамките на проектот AGROWCHEN-одржливо менаџирање со агро-отпадот за загревање на руралните средини. Проектот е финансиран од ИНТЕРЕГ ИПА програмата за погранична соработка помеѓу двете соседни држави. Главен партнер во проектот е Детепа-општинско претпријатие за загревање на поширокиот регион во градот Аминдео и уште два партнери од грчка страна , од наша страна се Општина Новаци и Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието со седиште во Битола.

74634668 579315682872017 7739495457818148864 n

-Со ова ќе придонесеме за заштита на животната средина. Сакаме да им  покажеме на граѓаните дека постојат алтернативни извори на енергија. Од една страна ќе се чистат речните корита  и ќе се заштитиме од поплави, од друга страна ќе се загреваме и нема да загадуваме . Како локална самоуправа имајќи го во предвид нивото на загадување во нашата општина ги следиме европските регулативи и пристапуваме кон алтернативни извори на загревање со цел намалување на загадувањето. Размислуваме зелено, еколошки, иновативно и економично, рече во својот говор градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Всушност Општина Новаци е единствена во регионот што покрена иницијатива за формирање на Кластер за биомаса во која ќе бидат вклучени повеќе организации, земјоделски здруженија, задруги и други чинители на пазарот за  биомаса.

-Општина Новаци како рурална општина важи за една од поголемите корисници на средства од ЕУ фондовите и во изминатиот период е лидер во нивното искористување. Досега имаме имплементирано три проекти, а ова е наш четврт проект од ИПА програмата за прекугранична соработка. И тука не застануваме подготвени сме и во наредниот период 2021-2027 година, заедно со нашите партнери  од Република Грција да ја продолжиме соработката и заедно да работиме на нови проекти, најави градоначалникот Кузманоски.

За партнерите од Грција од особена важност е споделувањето на искуствата со македонските учесници во проектот. Според Јанис Фалас, директор на Кластерот од Република Грција, формиран 2014 година целта им е и кај нас да се формира Кластер.

-Бидејќи ние живееме многу блиску во овој регион, се соочуваме со слични работи и затоа сакаме да ги споделиме искуствата. Биоенергијата е многу важна. Затоа и создавањето на Кластер е многу битно и сметаме дека ќе бидеме од помош за општината и државните компании да го направат овој Кластер, рече Фалис.

A.Б

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани