Webp.net gifmaker

Во светот владее голема омраза затоа да ги одбраниме човековите права- вели францускиот експерт Ботро-Бонтер

Ноември 08, 2019

Во 21 век сведочиме дека се случуваат страшни работи. Сведоци сме дека имаме се поголема омраза во светот и треба да бидеме свесни дека ние сме тие кои треба да работиме на спасување на човештвото . Кога се работи за човековите права најмногу доаѓаме до израз кога треба да работиме во криза, за да ги одбраниме човековите права и исто така одново да го создадеме чувството на мир во светот, изјави во Битола Себастијан Ботро-Бонтер експерт и обучувач, поранешен аташе за соработка во Француската амбасада во Скопје, сега на мисија во Република Албанија одговарајќи на новинарско прашање кои се најголемите предизвици во делот на човековите права со кои се соочува светот.

74602094 549168138990488 6794895401964011520 n

Ботро-Бонтер веќе неколку дена е во Битола како обучувач во рамките  на стручната франкофонска обука на тема „Европскиот суд за човекови права: идни предизвици и тенденции“ што трае до утре, на Правниот факултет – Битола.  Обука е дел од проектот за кратки стручни обуки поддржан од Универзитетската франкофонска агенција (АУФ) чиј член е и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

Себастијан Ботро-Бонтер е  задоволен од интеракцијата што ја постигнал со студентите во Битола.

-Досега имав шанса да работам долги години во областа на човековите права, во образованието. Долго соработувавме со Битола, не само со Правниот факултет, работевме и на историските аспекти. Со студентите работиме на два аспекти кои се однесуваат човековите права - правото на живот , а денеска ќе продолжиме со забраната за нехуман третман со луѓето. Имаме можност да разговараме не само за нормите и правилата , туку  да ги поттикнеме  да размислуваат, да ги поттикнеме  на дебата. Но и да им дадеме чувство за францускиот јазик кој покрај англискиот ни дозволува да навлеземе подлабоко во меѓународните организации, изјави Ботро-Бонтер.

74627042 424822191535970 5165325084046393344 n

Деканот од Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ рече дека школата претставува силен пробив во меѓународни рамки на Правниот факултет директно во соработка со Универзитетската франкофонска агенција (АУФ) како и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

А.Б

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани