2win800x200

Во Битола се намалува природниот прираст на населението и расте бројот на разводи

Ноември 29, 2017

Битола е лидер во државата по негативниот природен прираст на населението во третотот тримесечје од оваа година, а се поголем е и бројот на разводи

Според податоците објавени од  Државниот завод за статистика,  во јули, август и септември  се родиле вкупно   220 новороденчиња, а бројот на починати  лица во истиот период е 294, што значи дека во Битола има  негативен природниот прираст со индекс  -74. Во ова тримесечие во Битола нема починати доенчиња.

Во истиот период лани, бројот на живородени деца бил 214, а бројот на починати лица бил 267, кога имало и едно починатот новороденче.  Во третото тримесечје во 2016 гоина исто така имало  негативен природен прираст, но со помал индекс од  - 53.

bitola 2016

Годинава склучени се 210 бракови, а 32 се разведни.

Лани во третото тримесечје биле склучени 203 брачни заедници, а се развеле 17 брачни парови.

Според податоците на Државниот завод за статистика природниот прираст на ниво на цела држава  изнесува 1 043 лица, што значи бројот на живородените деца е поголем за толку лица од бројот на умрените лица.

Расте бројот на склучени бракови во државата, односно  во ова тримесечје од годината бележи зголемување за 8.2% во споредба со истиот период од 2016 година и изнесува 4 670 бракови.

Но, истот ака, расте и бројот на разводи во Македонија. Во ова тримесечје од 2017 година се регистрирани 399 разведени бракови, што претставува зголемување од 27.1% во споредба со истиот период од 2016 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани