2win800x200

Кузманоски со отчет за сработеното- Над 150 милиони денари инвестирани годинава во Општина Новаци

Ноември 12, 2019

Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски денеска даде отечет пред граѓаните за сработеното во изминатите две години од преземањето на функцијата. Прес конференцијата ви ја пренесуваме во целост.

 

Она што го ветивме пред две години ни овозможи да ја направиме Општина Новаци поубав дом за сите нас!

Затоа денеска пред Вас стоиме со сработеното, со реализираното од она што го ветивме. Половината од мандатот кој Вие граѓаните на општина Новаци ми го доверивте во 2017 г, зборува за успех, за реализирани проекти , за решени проблеми , за услужени граѓани , за намалени стари долгови ,.Вложивме се, сите ресурси максимално ги ангажиравме за да кажеме :да, ние работиме, ние ја градиме нашата општина која заслужува да биде европска урбана средина со задоволни граѓани.

Работевме со ентузијазам и мотивираност, енергично, чесно, одговорно и со посветена работа, работа која носи подобро, секако во дослух со вас, одговарајќи на вашите потреби и барања.

Денеска нашата визија е визија на секој жител на Општина Новаци.

74906679 747053035807628 8633811355125678080 n

Работејќи според програмата што ви ја понудивме, секако со поддршка и од  Владата на Република Северна Македонија , остваривме повеќе од планираното за две години.

Наша цел е да создаваме услови за подобар економски развој и нови вработувања. Иако општината нема моќ во политиките на вработување сепак  ние го стимулираме и поддржуваме отворање на нови работни места во нашата општина.

Инвестираме во инфраструктура, зошто патната инфраструктура е основен показател за успешноста на работењето на една локална власт, таа е предуслов за развој и на руралниот туризам. Успеавме да се промовираме како општина со препознатлива гостопримлива атмосфера со одлична туристичка инфраструктура.

74274414 2517209955164488 5048640447635783680 n

Од темел обновивме училишта во кои учат нашите деца. Обновиме спортските игралишта, затоа што спортскиот дух е здрав дух, а спортските вредности е вистинските вредности.

Обновивме градинки каде ги згрижуваме нашите деца, нашите внуци.

Две години, колку што стоеја на располагање, не се многу долг период, но сепак, во овој временски интервал, водејќи се од  дадениот збор пред граѓаните и одговорноста што тој со себе ја носи, оваа локална самоуправа успеа да реализира голем број проекти од голема важност за жителите на овој дел од Пелагонија.

Овие страници што стојат пред вас,(тука ќе имаш печатен материјал со проектите, ќе ги покажиш) не се ништо друго, туку заокружување на досегашниот начин на работа на Општина Новаци.

Транспарентноста и отчетноста, работата која носи подобро, остануваат да бидат едни од основните постулати врз кои и во наредните 2 години ќе ја темелиме општинската политика.

Од  стотината проекти колку што реализиравме, ќе издвојам само дел и уверен сум дека резултатите и придобивките што граѓаните ќе ги имаат за себе ќе траат и по завршувањето на мојот мандат.

Во  2018 година ја започнавме Капиталната  инвестиција- прва фаза уредување на Порој во с.Гермијан во должина од 900  м  и вредност од 25.000.000 денари

-Изградивме Тротоари во с.Гермијан со   должина од 910 метри.

-Локални патишта на територија на Општина Новаци со должина од 1500 метри

-Санирани и одржувани се Полски патишта во должина од 6000 метри

-Атмосферска канализација во должина од  1850 метри (во с.Бач,Г.Агларци ,с.Новаци, с.Далбеговци )

-Улица во с. Градешница со бехатон плочки со должина од 635 метри.

-Во соработка со ЈП за Државни патишта асфалтиран е  регионалниот патен правец Рапеш-Старавина во должина од 6км

-С.Долно Агларци доби Мултифункционално игралиште  

- Ја одбележивме  100 годишнината од завршувањето на Прва светска војна  со  изградба на споменик  во знак на мир и сеќавање  -проект  реализиран со АЛДА  и општина Коломбел

- Реконструирани се два бунари  и партерно уредување во с.Горно Агларци и с.Долно Агларци

- Ја финиширавме  изградбата на капелата во дворот на црквата СВ.Атанасиј Велики во с.Новаци

-Набавивме комплетна опрема за детската градинка Бамби која наскоро ќе биде отворена.

-После 13 години повторно с.Бач доби амбуланта-адаптиран простор со медицински тим.

Во 2019 г продолживме со позабрзано темпо и повеќе работа

-Асфалтирани се Локални   улици   во должина од 1000 метри

- Санирани и одржувани се полски патишта во должина  од 4600 метри

-Извршивме пробивање на нови  полски патишта -3800 метри

-Изградивме Атмосферска канализација ( во  с.Новаци и  с.Бач) во должина од 600 метри од кои 237 м се во фаза на реализација .

-Изградени се тротоари (  во с.Новаци ) во должина од 915 метри од кои 175 м се во фаза на реализација .

-Ја продолживме изградбата и реконструкција на улици во с.Градешница  со бехатон плочки во должина од 560 метри

-Во фаза на реализација е Изградбата  и партерно уредување на капалиште на р.Градешка во с.Градешница –

-Во должина од 500 метри саниран е локалниот водовод во с.Д.Орехово како и во с.Арматуш.

-Во соработка со Агенцијата за развој на пелагонискиот планиски регион ја реализиравме втората фаза од Уредувањето на Пројот во с.Гермијан во вредност од 6.850.000 денари .

76714028 3062525083764533 3756400949954871296 n

- Со донација од Генерален конзулат на р.Бугарија  го реконструиравме кровот на училишната сала во Бач. Реконструкција на чешма во Бач, изградба  на камбанарија и партерно уредување во Бач. Партерно уредување на дворот на манастирот Св.Илија во Живојно. Замена на ограда од црквата Св. Атанасиј Велики во село Новаци и поставување осветлување. Реконструкција на продавницата и изградба на автобуска постојка  во Далбеговци. Реконструкција на санитаријата во училиштето во Горно Агларци. Изработка на каптажни бунари во атарите на Долно Орехово, Гермијан, Живојно, Зовиќ, Мегленци.

-Асфалтирани се два локални патишта:

  -Локален пат с. Тепавци во должина од -3км

  -Локален пат до манастир с.Старавина -811 метри

-Извршена е целосна реконструкција на доводен цевковод од 5-те чешми во атарите на с.Градешница и с.Старавина  во должина од 13 км

-За потребите на локалното население во с.Зовиќ, с.Рапеш , с.Маково изградени се три водопоила

-Преку Интерег Ипа проектот –Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини за прекугранична соработка со Р.Грција набавени се трактор со приколица , хидраулична рака , балирачка , предна косачка (мулчер) останува уште набавката на котел –опрема која ќе се користи за загревање на детската градина , амбулантата и дел од младинскиот центар.

-Потпишан е договор за воспоставување на  Јавно приватно партнерство  за модернизација  на системот  за јавно осветлување со чиј договор во општина Новаци ќе бидат инвестирани над 38.000.000 денари  во најмодерен, најекономичен и ефикасен систем на улично осветлување во регионот.

И пред самиот крај збор два за наследените долгови.

-Наследивме долгови над 40.000.000 денари

-Со средства од Владата на Р.С.М наменети за отплата  на стари долгови отплативме 12.609.000  милиони стари наследени долгови .

- Го отплаќаме и наследениот кредит на годишно ниво од 1.066.000 денари  

Општина Новаци е на прав Пат! Во 2019 г  до сега , од Буџетот на општина Новаци се инвестирани над 40 милиони  денари  од кои над 25 милиони во проекти а останатите во други намени . Од Влада на РСМ  преку министерствата и агенциите  во проекти се инвестирани над 85 милиони денари  а од меѓународна соработка  вложени се над 25 милиони денари. Севкупно над 150 милиони денари во 2019 и 80 милиони во 2018  г.

И тука не застануваме ,во периодот што ни следува  одговорно пред граѓаните  ќе продолжиме  со поголемо темпо и нова енергија да се фокусираме на главните приоритетни проблеми и интензивно  ќе продолжиме во реализација на зацртаните проекти предвидени во 2020 г меѓу кои и

-Изградба на брана на река Елешка со  која ќе обезбеди наводнување на земјоделските површини  во атарите на селата  Бач, Гермијан , Брод

-Изградба на цевковод и обезбедување на  квалитетна вода за пиење од водовод Битола  за селата Бач, Брод , Добровени  и Живојно.

-Реконструкција и проширување на  објект –општинска зграда  со нови корисни површини од околу 780 м2.

-Изгадба на спортско игралиште во с.Бач и многу други проекти.

75439300 439283420297105 9074875909122555904 n

Еве зошто се решив на овој отчет, осврт на сето она што заеднички го направивме во изминатиот период, а во насока на подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните, според европските стандарди, подобрување на конкурентноста во однос на други локални заедници во Пелагонија , па и пошироко во државата, подобрување на климата за инвестирање, а со тоа и можноста за отворање нови работни места.

Работата на локалната самоуправа никогаш не сопира, па, така и листата на сето она што допрва ќе треба да се сработи е веќе започната.

Вашата доверба е наша чест, но и одговорност, секогаш вас, граѓаните ве имавме како партнер во креирањето на стратешките цели, во креирањето на визијата за подобра Општина Новаци. Успешноста на една општина подразбира континуиран развој и растеж, ние сме токму на тој пат на „прав пат“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани