Да ги обновиме „белите дробови“ на Битола- повикуваат од иницијативата „Зелен Баир“

Ноември 14, 2019

Најавената битолска иницијатива „Зелен Баир“ за пошумување на ридот кај манастирот „Св. Четириесет Маченици“ (Кркардаш) е  мал придонес за поттикнување на свеста на граѓаните за важноста на зелените површини во близина на градските населби, како и во самите градски населби, вели за Апла.мк Мирко Наумовски од иницијативата „Зелен Баир“.

-Во последните неколку години забележуваме поголема свест на граѓаните околу проблемот со загаденоста на амбиенталниот воздух. Многу се алармира по социјалните мрежи, меѓутоа ретко некој да превземе конкретни активности за реализација на проекти кои водат кон подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Ваквата идеа за формирање на иницијатива за пошумување на ридот над Населба Баир првично произлегува од учество на Обука на група на учесници од Школата за Кариерен Развој и Лидерство ПОЛИТЕА. Обуката беше наменета за Пелагониски Плански Регион со наслов „Активни граѓани за добро владеење“ на ФОРУМ ЦСИД Скопје, а поддржана од Проектот на УСАИД за Граѓанско Учество,вели Наумовски.  

Локацијата која што во недела ќе се пошумува во неколку наврати беше опожарена, па Наумовски смета дека нејзината ревитализација е особено важна за градот.

-Сите се согласивме дека секоја година се организираат настани за пошумување на локации кои се далеку од градот Битола, а никој не се сеќава на поранешната борова шума на ридот над Населба Баир која пред неколку години целосно беше уништена во неколку последователни пожари. Оваа шума претставуваше место кадешто многу генерации го поминале своето детство, беше атрактивна локација за рекреација и дружба на граѓаните, како и т.н. „бели дробови“ за целиот град.  На евалуаторите на проектот најмногу им се допадна нашата идеа и благодарение на ФОРУМ ЦСИД, УСАИД и ПОЛИТЕА, оваа иницијатива ќе стане реалност, вели Наумовски.

За реализација на акцијата се обезбедени се над 100 садници за бор. Акцијата за пошумување е планирано да се реализира во недела 17.11.2019 од 11:00 до 15:00 часот, а како збирно место е предвиден манастирот „Св. Четириесет Маченици“. Во соработка со Општина Битола и ЈП Комуналец Битола е одобрена е предвидената локација, обездена стручна помош и соодветни алати.

Наумовски верува дека секој поединец може да придонесе со својата активност во подобрување на животната средина, а како што вели за толку кус период и битолчани ја препознале иницијатива како доста важна за Битола со оглед на тоа дека има најава на масовно присуство на граѓани од целиот град.

-Се разбира дека има и такви кои се скептични кон овој настан. Во секој случај ние ги повикуваме сите граѓани да не ја „оцрнуваат“ ваквата иницијатива и да дадат свој допринос, порачува Наумовски.

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани