2win800x200

Пет нови стипендии за студенти од Техничкиот факултет во Битола од АД ЕСМ

Ноември 15, 2019

АД ЕСМ додели 5 нови стипендии на студенти од Техничкиот факултет во Битола кои ги исполнија критериумите од конкурсот објавен од Електрани на Македонија.

Вкупниот број на стипендии од АД ЕСМ за студенти од Техничкиот факултет изнесува 13 или во средства на годишно ниво тоа значи околу 800 илјади денари.

-Се надоврзува нашата заложба за поддршка на студентите, па денес доделивме пет нови стипендии на исто толку студенти кои минатата година се запишале за првпат на Техничкиот факултет во Битола и по првиот семестар ги оствариле резултатите предвидени во јавниот оглас на компанијата. Секој од студентите ќе добие по 60.000 денари од Државните електрани. Освен тоа, ќе ги продолжиме договорите со осуммина стипендисти на ЕСМ, со што вкупниот број на студенти корисници на стипендии од ЕСМ на Техничкиот факултет во Битола ќе се искачи на 13. Тоа е се скоро 800.000 денари само за студенти на овој факултет, рече Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.

Вкупниот број на стипендии што годинава ги доделува ЕСМ, на сите факултети во Р.С.Македонија  е 66, односно околу 4 милиони денари директна поддршка за академските граѓани.

-Сметам дека ова е еден силен аргумент кој говори дека АД ЕСМ e општествено одговорна компанија која води грижа во рамките на своите можности и надлежности за развој на економските и општествените дејности како неопходен предуслов за раст и развој на државата, додаде Ковачевски.

76609930 2573698529529371 4322317716460404736 n

За генералниот директор на РЕК –Битола Златко Ќурчиевски стручната работна сила е ценета и особено важна за комбинатот.

-РЕК- Битола ширум ги има отворено вратите за сите средношколци и студенти кои што сакаат да се запознаат со производниот процес да стекнат прелиминарни знаења за истиот и при тоа да добијат желба да работат во нашиот комбинат. Затоа што и тоа како ни треба стручно оспособена работна сила и тоа посебно во следниот период, рече Ќурчиевски.

Деканот на Техничкиот факултет во Битола Стојанче Нусев рече дека последните години е константен бројот на студенти кои се запишуваа во прва година на Техничкиот факултет, но дека стипендиите се голем мотив на студентите да го одберат токму овој факултет.

-Интересот секако дека ќе се зголеми со интензивирањето на стипендиите кои што ги нудат фирмите. Се повеќе фирми нудат стипендии за кадри коишто студираат на нашиот факултет и се повеќе доаѓаат фирми кои што бараат инженери. Развојот на државата наметнува потреба од зголемување на бројот на инженери, рече Нусев.   

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани