2win800x200

Нова медиотека за учениците од ОУ „Браќа Миладиновци” од Добрушево

Ноември 18, 2019

Во ОУ ,,Браќа Миладиновци“ с.Добрушево Општина Могила беше отворена медиотека за потребите на учениците и наставниците во воспитно-образовниот процес.

Медиотеката ќе ја користат учениците од прво до деветто одделение кои го следат воспитно-образованиот процес во ОУ,,Браќа Миладиновци“ с.Добрушево.

75303688 441125576592153 4058361709486669824 n

Медиотеката е опремена со интерактивна табла, интерактивен уред Е-фан таблет, масички и столчиња за првачиња, комплет столчиња со масичка за пишување, бела магнетна табла.

„Од името на учениците и наставниците од ОУ,,Браќа Миладиновци“ од Добрушево изразувам голема благодарност до ALLIANCE ONE Кавадарци за дадената донација за нашето училиште и се надеваме дека соработка ќе продолжи и понатаму во иднина.” изјави Македонка Соклевска, директор на училиштето.

75572043 583080642428231 2759483682719793152 n

Со адаптација на просторот се подигнува квалитетот на воспитно-образовниот процес преку обезбедување на најсовремени услови за работа.

Медиотеката е опремена со целосна  финансиска поддршка од откупната компанија за тутун ALLIANCE ONE од Кавадарци.

74955398 2306134452825678 2306332652665307136 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани