Промоција на „Пчеларски календар“ во Битолската библиотека

Ноември 21, 2019

НУУБ „Св. Климент Охридски“  - Битола во соработка со пчеларското здружение „Нектар “од Битола организираат промоција на „Пчеларски календар“ од авторите проф. д-р Александар Узунов од Факултет за земјоделски науки и храна од Скопје и  м-р Борче Павлов професионален пчелар. Промоцијата ќе се одржи на ден 23 ноември  (сабота) 2019 година, со почеток во 11 часот во просториите на Библиотеката.  

Во „Пчеларски календар“  се опишани целогодишните активности во пчеларникот, апитехниката, фазите во функционирањето на пчелните семејства низ годината, согласно специфичностите на климатските и вегетациските услови во Македонија. Тоа е поткрепено со релевантни податоци за температурите, врнежите, како и фенолошкиот календар за цветање на некои медоносни растенија во Македонија.


Промоцијата влегува во новата програма на библиотеката „Хортикултурни библиотеки“ како дел од регионален проект поврзан со содржините екологија, хортикултура и подигање на свеста за важноста на живот во здрава средина, промовирана во Европа од стана на УНЕСКО –  УН Агенда 2030 за влијанието на библиотеките врз потребите на заедницата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани