Webp.net gifmaker

Средношколецот Петар Атанасовски – еден од најдобрите учесници на Воениот камп за млади во Црна Гора

Ноември 23, 2019

Средношколецот од Техничкото училиште во Битола, Петар Атанасовски е избран за еден од најдобрите учесници на Воениот камп за млади во Црна Гора. Петар беше дел од тимот од седуммина ученици од нашата држава кои беа избрани да учествуваат на кампот. На 14 и 15 ноември 2019 година во Скопје беа реализирани заеднички активности на најдобрите учесници на Летниот воен камп за млади – Црна Гора 2019.

Од техничкото училиште „Ѓорги Наумов“-Битола,  велат дека на средбите во Скопје им претходела 17-дневна обука за разни воени и други вештини на повеќе локации во Црна Гора (Даниловград, Колашин, Плевља, Тиват). Учесниците имале можност да проследат медицинска обука, натпреварување во топографија и ориентација, ракување со оружје и гаѓање, обука за работа со средства за комуникација, кампување (исхрана и преживување во природа, обука на брзи води и сплаварење – рафтинг, извидничка обука и ориентација во ноќни услови) и обука во качување со јаже.

66909116 533622913843530 7937803761550884864 n

-Петар Атанасовски, со нескриен интерес за воената професија, е задоволен што имаше можност да ги тестира своите вештини како војник, да се здобие со знаења за улогата и значењето на армиите во општеството и да стекне нови пријателства. За него да се облече војничка униформа со знамето на својата држава е посебно и неповторливо искуство,велат  од Техничкото училиште во Битола .

66502460 484426078999605 7577613390198079488 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани