2win800x200

Општина Новаци реализира седум проекти со парите по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива

Ноември 28, 2019

Со 6,5 милиони денари од АД ЕСМ и РЕК Битола како  надоместок за производство на енергија од фосилни горива Општина Новаци реализира седум проекти во неколку населени места.

-Врз основа на Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за распределба на средства по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации за општина Новаци , како и Програмата за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2019г по склучен договор со Министерството за животна средина и просторно планирање за тековната 2019г општина Новаци доделените средства во висина од 6.566.387 денари ги искористени за :

-Изградба на атмосферска канализација во с.Новаци

-Изградба на атмосферска канализација во с.Бач

-Изградба на водопоило во с.Зовиќ, с.Рапеш и с.Маково

-Санација на фонтана во с.Рибарци

-Реконструкција на тротоар во с.Новаци (општинска зграда кон Рибарци)

-Реконструкција на тротоар во с.Новаци ( МКЦ до гробишта)

-Партерно уредување на капалиште покрај Градешка река, велат од Општина Новаци.

76778253 913787132350860 6520589090742599680 o

76747555 913785472351026 6677086940115763200 o

76727025 913785879017652 4591865371421573120 o

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани