Webp.net gifmaker

Битола добива ракометен џин - „Еурофарм Пелистер“, утре се потпишува договорот

Ноември 28, 2019

Долгоочекуваното фузирање меѓу РК „Еурофарам Работник“ и РК „Пелистер“, конечно ќе се случи утре во 9 часот наутро за кога е најавено потпишувањето на договорот меѓу Општина Битола и  РК „Еурофарм Работник“.

Претходно, во октомври договорот беше усвоен во Советот, а со него за уредување на капиталната и управувачка структура на двата ракометни клуба во Битола, се предвидува РК „Еурофарм“ да купи 75 проценти од ациите на РК „Пелистер“, а Општина Битола 25 проценти од акциите на „Еурофарм Работник“.

Се предвидува создавање на два клуба, едниот ќе го носи името „Еурофарм Пелистер“ , а другиот „Еурофарм Пелистер 2“. Едниот ќе се натпреварува во СЕХА Лигата и европските натпреварувања, а другиот во Супер лигата. Буџетот кој се предвидува за оваа намена е најмалку еден милион евра на годишно ниво за двата клуба, односно 60 милиони денари,  од кои 45 милиони денари ќе издвојува „Еурофарм“  а 15 милиони денари ќе финансира Општина Битола. Грбот ќе биде зелено-бел, оној од РК „Пелистер“, а дресовите сино бели.

По усвојувањето на договорот од страна на Советот,  беше направено книговодствено усологласување, а фузирањето на двата клуба се случува по големото очекување на ракометна Битола за создавање на овој ракометен џин. 

Е.М.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани