Webp.net gifmaker

Со багреми се пошумуваат старите одлагалишта на пепел во РЕК Битола

Декември 01, 2019

Денеска започна еколошката акцијата за засадување на 50 илјади багремови садници на старите одлагалишта со пепел во РЕК Битола. Пошумувањето го спроведуваат Државните електрани и комбинатот, а целата е да се намали загадувањето од овие одлагалишта. И лани ридиштата со пепел беа пошумени со 50 илјади садници, со што за само две години вкупната бројка е 100 илјади садници, што е една третина од вкупниот број на засадени дрвца откако постои комбинатот, истакна генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

77193857 2513341795569013 1833347394918416384 n

-Во периодот од 2013 до 2017 година беше имаше само една ваква акција кога се засадија 20 илјади садници. Овие бројки покажуваат дека силно сме посветени на зачувување на животната околина, и со ваквите еколошки акции и со инвестиции во технологијата, санирање на рудниците, инвестиции во термоелектраната, но и со сите  еколошки активности покажуваме дека силно сме насочени за зачувувањето на животната средина, рече Ковачевски.

REK 2

78188795 2864488710241565 1771613373251715072 n

И генералниот директор на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски ја потенцираше еколошката димензија на оваа акција.

REK 4

-Овие 50 илјади садници можеби се мал придонес на ЕСМ и РЕК Битола, но мислам дека се исклучително значајни за заштитат на животната средина. Денес засадуваме во делот на старите одлагалишта на пепел, со цел да го спречиме понатамошното запрашување на околните населени места, пред се на Новачката општина, но и да ја спречиме ерозијата на земјиштето. Новина оваа година е што ќе почнеме со реализација на зелениот појас во атаротона селата Агларци и Логоварди, рече Ќурчиевски

78905953 2617465068322719 8732188895300550656 n

На акцијата се приклучи и Здружение на волонтери „Пелистер“ од Битола

78388634 2198208537152665 2210886217216557056 n

-Ние изразивме желба да учествуваме во пошумувањето на овие површини околу РЕК Битол, а во наредните денови со нашето здружение на акцијаши-волонтери планираме да собереме ученици од средните училишта и со нивна помош да ги насадиме овие садници, рече Кире Димовски, од Здружението на влонтери „Пелистер“.

74526488 566013927563887 6300078739552206848 n

Покрај менаџерскиот тим,  вработените во РЕК Битола и волонтерите од „Пелистер“, на  почетокот на еколошката акција за пошумување  на старите одлагалишта на пепел  учествуваа  и градоначалниците на Новаци и Могила, Љубе Кузмановски и Јасмина Гулевска.

Е.М.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани