НАТО Караванот денеска во Битола

Декември 02, 2019

НАТО Караванот на Инфо центарот за евроатлантски интеграции денеска продолжува  во Битола.

Во Битола, ќе биде одржана панел дискусија на тема „Безбедносни придобивки и предизвици за Македонија од членството во НАТО“.

На дебатата ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и холандскиот амбасадор во С.Македонија, Дир Јан Коп.

Покрај панел-дискусијата, предвидени се и дебати за НАТО со средношколци и студенти во Битола.

Настаните што се одржуваат во рамки на НАТО Караванот кој поминува низ повеќе градови во земјава, им нудат можност на граѓаните да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и улогата на Алијнсата во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

Инфо-центарот за евроатлантски интеграции е проект спроведуван од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ и е поддржан од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Британска амбасада Скопје и Министерството за надворешни работи на РМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани