Webp.net gifmaker

Чествување на делото на Горан Стефановски-НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола го слави патрониот празник

Декември 04, 2019

НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола утре на свечен настан започнува со одбележување на патрониот празник.

Воведен збор ќе има м-р Бојан Стефановски - директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Во програмскиот дел следува чествување на делото на Горан Стефановски со осврт на неговото творештво од страна на реномираниот македонски поет, есеист, литературен критичар господинот Раде Силјан и госпоѓата  д-р Весна Мојсова-Чепишевска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ; следува  госпоѓата Јоана Поповска, доајен на Битолскиот народен театар, со фрагменти од драмите на Горан Стефановски.

Исто така, ќе бидат претставени изданија на Библиотеката и тоа:

-        Зборникот на излагања од 14-та Роднокрајна средба со битолските писатели во Македонија и

-        Списанието „Библиотечен тренд“ бр.48, промотор е д-р Николче Вељановски, библиотекар советник во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.

Pokana28112019

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани