2win800x200

ОУ„Даме Груев“-Битола со позитивни искуства од учеството на интернационална олимпијада по експериментална физика

Декември 08, 2019

На 7 декември на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа седмата Олимпијада по експериментална физика, насловена како „Ден на индуктивноста" ,организирана од Друштво на физичари на Р.Северна Македонија  и Унија на физичари на Р.Бугарија. На оваа Олимпијада настапија околу 100 учесници од Македонија,Бугарија, Казахстан, Црна Гора. ОУ "Даме Груев" учествуваше на овој настан со ученикот Михаил Јанакиевски од 9 одд.,менториран од наставничката по физика  Валентина Степановска-Андонова, во категоријата S, најмлади учесници. Tие беа единствени учесници од нашиот град. -Посебно го цениме искуството што го стекнавме на овој престижен интернационален натпревар- вели наставничката Степановска-Андонова. Инаку, најмладите учесници во категоријата S како задача го имаа мерењето на параметрите од елементите на експерименталната задача, односно мерење на индуктивноста преку мостот на Максвел.

даме 2

даме 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани