2win800x200

И од провинција се може-„Аудиција” во Битолскиот театар

Декември 12, 2019

Зошто луѓето остануваат во провинција, од семејни причини или работата на која се посветени. Одговор на овие и многу други прашања дава новата претстава „Аудиција” на Народен театар – Битола која во сабота ќе биде премиерно изведена на малата сцена. „Аудиција” е работена според текстот на рускиот драматург Александар Галин, а во режија на Благој Мицевски.

-Претставата има многу теми, не е само за животот  во транзиција, и би рекол целосно се поклопува со начинот и квалитетот на живот кој што го живееме овде. Идејата со претставата е да се  покаже дека и од провинција се може и независно од тоа каде се наоѓаме.  Решавањето на проблемите не е географски поим, со тоа што некој некаде ќе замине не значи дека ќе си ги реши проблемите, истакна режисерот Мицевски.  

Овој театарски проект се подготвувал неколку месеци, но режисерот Мицевски се надева дека претставата ќе има подолг живот.

-Оваа претстава прв пат се игра на македонската театарска сцена, и тоа е дополнително задоволство од овој театарски проект, истакна режисерот Мицевски.

Драматургот на претставата е Оливера Павловиќ која посочи дека посочи дека пиесата обезбедува жива комуникација меѓу актерите и публиката, и тоа е една од улогите на театарот што треба да ја одигра во ова време на голема отуѓеност и живот во некаков виртуелен свет.

-„Аудиција” многу одговара на нашиот ментален склоп и нашиот стил на живеење. Интерпретацијата на актерите во претставата е многу отворена и овозможува допир со гледачот. Во оваа комедија се крие една силна драма за нашите конфликти, за нашето недоразбирање со самите себе, за нашите желби но и можности. Приказната е едноставна и апсурдна до смеа или до солзи во зависност од тоа кој како гледа на човечките промашувања за да се разбере самиот себеси, нагласи Павловиќ.

Во претставата играат актерите Јулијана Стефанова, Соња Михајлова, Александар Копања, Марија Стефановска, Соња Ошавкова, Јулијана Мирчевска, Борче Ѓаковски, Петар Горко и Васко Мавровски.

-Толкувам транзиционен политичар и за првпат имав дилема кој да го земам за прототип на мојот лик. Имав тежок избор, но успеав да склопам неколку души , ќе откриете сами на претсавата. Додека Македонија чека датум за датум, колешките во претставата чекаат аудуција за аудиција, -рече актерот Мавровски кој го игра ликот на Виктор Пухов.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани