ЈП „Пазари“ ќе прави Постројка за производство на биогас

Декември 13, 2019

Директорот на ЈП Пазари –Битола, Владе Атанасовски најавува  дека претпријатието  се подготвува за поставување на Постројка за производство на биогас.

Атанасовски вели дека од работата на зелените пазари во Битола се собира голема количина на отпад од овошје и зеленчук, што е основна суровина за производство на биогас.

-Се обративме до стопанската  Комора на Мал Бизнис  и ја претставивме нашата идеја. Од таму денеска ни вратија допис дека идејата е одлична и дека има поле и можности за соработка. Тоа значи дека треба да го разработиме предлог акциониот план за иницирање на проект за Постројката за био гас. За нас како претпријатие тоа ќе значи дополнителен приход и зголемување на работните места , бидејќи закупот на тезги од година во година се намалува, па ние бараме начини за финансиска оддржливост на претпријатието, изјави за Апла.мк Атанасовски.

Најпрво треба да се изработи елаборат, па тоа  ќе се аплицира до CMSR фондот за ко-финансирање на изградба на  биогас постројката - максимум 50% со партнери од Словенија.

- Како иницијатор на проектната идеја и организација која управува со органскиот отпад планиран како примарно гориво за биогас постројката предлагаме вие односно ЈП Пазари да биде главен координатор на иницијалната работна група која ќе го реализира Предлог Акциониот План за иницирање на проектот за Постројка за производство на биогас, стои во дописот од стопанската  Комора на Мал Бизнис .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани