2win800x200

Се чистеше во РЕК и другите подружници на АД ЕСМ

Декември 14, 2019

Вработените на АД ЕСМ од дирекцијата и од подружниците во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струга и Кавадарци се вклучија во државната акција за чистење која се спроведе денеска.

 

Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, кој заедно со вработените го чистеше делот околу старата градска болница, порача дека компанијата е дел од сите акции и активности кои значат почиста и подобра животна средина, што е соодветно на определбата на АД Електрани на Северна Македонија, како општествено одговорна комппанија.

Инаку, вработените ги чистеа површините во кругот и околу производните и административните објекти, како и просторот околу акумулациите кој е отворен за посетители.

Се чистеше околу управната зграда на плоштадот Македонија, околу новата управна зграда која се наоѓа спроти Музеј на Град Скопје и околу старата Градска болница.

Дел од вработените го исчистија видиковецот над езерото Козјак, кој е популарна дестинација за излет и прошетка во близина на Скопје.

Собран беше отпадот и околу акумулациите Шпилје и Глобочица, како и околу другите акумулации кои се отворени за јавен пристап.

Во термоелектраните беа исчистени круговите на производните капацитети, кои се локации со големи површини.

Надворешниот отпад, како и отпадот од внатрешните простории, на крајот на акцијата беше организирано предаден на соодветните комунални служби.bitola 1

Bitola 2

(Акција во РЕК Битола) 

drim 1

energetika 2

kozjak 1

oslomej 2

плоштад 3

tikves 2

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани