2win800x200

Од руина до современа училишна спортска сала во ОУ „Трифун Пановски“

Декември 16, 2019

Спортската сала во ОУ „Трифун Пановски“ во Битола, доби сосема нов лик. Од руиниран објект, опасен и небезбеден за  учениците,  со испаднат малтер, дупки на ѕидовите и таваните, откорнат и уништен паркет, сега учениците во ова училиште имаат можност наставата по физичко воспитување да ја следат во современа спортска сала.

-Во реконструктивните зафати во спортската сала во ОУ „Трифун Пановски“, Општината вложи над 1,5 милион денри. Станува збор за сала која што долги години била оставена на забот на времето. 300 ученици кои што учат во ова училиште ќе имаат можност да узведуваат настава по физичко воспитување, што е на посебно задоволство на целата локална самоурава. Ова е начинот на кој што можеме да градиме здраво тело во здрав дух, пред се,  создвање услови за тоа, изјави градоначалничкта Наташа Петровска.

Комплетно се реновирани и соблекувалните, а наксоро во училишната спортска сала ќе бидат поставени и 11 рефлектори, со што цеосно се менува сликата за овој објект.

-Училиштетот долги години имаше потреба од оваа спортска сала, бидејќи од времето на отворањето а ова крло на училиштето па до ден денешен беше малку направено за функционирање на ваа сала. Претежно наставата се одвиваше во школскиот двор,  меѓутоа со програмата по физчко образование предвидени се активности во спортска сала, така што задоволни сме што локалната самоуправа ни илезе во пресрет на нашите барања после долги години. Ние ќе се оддолжиме  со школски успеси, со работа, со правилно восптување на нашите идни генерации. Убеден сум дека тоа ќе го искорстиме тоа до максимум, рече директорот на ОУ „Трифун Пановски“, Пеце Димовски.

Е. Мисирлиевски

 

Новиот изглед на училишната спортска сала во ОУ „Трифун Пановски“

79152693 1474107012766899 5969206265933463552 n

80697737 428948114648217 7305048417632256000 n

79151288 521125422078945 3288763832729600000 n

79430577 445452536132267 2194068091653062656 n

 

Еве како изгледаше училишната спортска сала пред реконструкцијата

79519616 3273847486221955 6841427704714100736 n

79545733 2589572037995796 4770538695289733120 n

79657534 578674646038066 5276897820316532736 n

79753603 1350166095164186 8838873456276668416 n

80207219 2512688535612315 8840929332567212032 n

 

80623499 758356861349008 4268260661072494592 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани