За неполн месец исчистени се 35 километри одводни канали во Општина Новаци

Декември 17, 2019

Триесет и пет километри од одводните канали  се исчистени во Општина  Новаци за речиси еден месец. Денеска и покрај  густата магла механизација на „Водостопанство-Битолско поле“ го чистеше десеттиот  канал  на потегот кај селото Новаци. Според градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски каналската мрежа редовно се чисти и одржува со цел  да се намалат последиците  од евентуални поројни дождови и поплави.

79375205 455495615378393 502480520450408448 n

-Речиси цел месец „Водостопанство-Битолско поле“ работи во атарите на Општина Новаци , ја чисти каналската мрежа. Денеска заедно со раководството на ова претпријатие сме во обиколка на теренот каде механизацијата го чисти 10 канал кој минува низ селото Новаци. Во изминатиот период некаде околу 35 километри каналска мрежа е исчистена во овој дел. Исчистен е  каналот кој оди од Новаци кон РЕК-Битола , каналот што е под  депонијата кај рудникот Суводол , што се влива во 10 канал на потегот кај селото Добромири, а го исчистивме и каналот на влезот на селото Новаци кон селото Рибарци. Денеска сме на 10 канал кој се протега од Добромири кон Рибарци и Гнеотино, изјави градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

80056813 597013564410622 5425371889096720384 n

Десеттиот  канал бил чистен пред само две години, но сега целото корито е исполнето со трска и вегетација.

-Еве гледате во каква ситуација е каналот за само две години, и затоа решивме повторно да се исчисти. И лани го исчистивме каналот од Новаци кон село Рибарци, меѓутоа моравме и годинава да интервенираме бидејќи трската брзо расте и мора да се одржува, рече Кузманоски.

80380225 2933651696659210 9011998330938458112 n

Само лани во општината биле исчистени околу 25 километри од каналската мрежа.

79141587 1051267348548241 8092259384039571456 n

Чистењето на каналите е во соработка на „Водостопанство-Битолско поле“ и Општина Новаци , така  што според програмата за чистење на каналите, сиот финансиски товар го сноси претпријатието.

-Нема застој постојано сме на терен , ангажирани се три машини. Претпријатието располага со човечки ресурси и со механизација. И земјоделците и форми навреме си ги подмируваат трошоците, оние кои должат се договараме како да  си ги подмират сметките,  потврди директорот  на „Водостопанство –Битолско поле“ Стојан Ѓеоргиевски.

79223153 445819376092849 1053131959573676032 n

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани