2win800x200

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ И ОПШТИНАТА

Декември 06, 2017

По повод патрониот празник, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ денес  потпиша Меморандум за соработка со Општина Битола. Документот го потпишаа ректорот Сашо Коруновски и градоначалничката Наташа Петровска.

„Соработката ќе ја преточиме во еден формален документ за соработка за понатамошно интензивирање и продлабочување на нашата соработка меѓу двете институции многу релевантни за општината, но и за регионот каде што делуваат. Меморандумот ќе предвидува повеќе области на соработка конкретно дефинирани. Тоа ќе биде општата рамка во која ќе ставаме содржини од заеднички интерес на крајот за благодет на граѓаните на Општина Битола и поширокиот регион“, рече ректорот.

Градоначалничката Петровска изјави дека од овој договор благодет ќе имаат сите граѓани, а најмногу студените.

-Се гордеам што сум градоначалник на град во кој се наоѓа Универизтетот „Св. Климент Охридски“. Потпишавме меморандум на соработка со кој отвораме перспективи и за Општината и за сите нејзини граѓани, особено за младата популација, жителите, битолчани и други студенти кои стидираат тука зашто знаеме дека на овој Универзитет во својот опфат има многу граѓани ширум  нашата држава. Овој договор да ни овозможи во иднина младите луѓе да добијат реални можности да се внесат во општеството уште во рамките на своето студирање, во институциите и практично да согледаат како тие функционираат“, рече Петровска.

По повод потпишаната соработка и патрониот празник, Универзитетот на градоначалничката и подари статуетка од Свети Климент Охридски.

Со потпишувањето на договорот започнаа активностите за одбележување на патрониот праник на Универизтетот во Битола.   20171206 101850

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани