2win800x200

Бугарскиот конзул со новогодишни подароци за децата пацинети во Битолската болница

Декември 20, 2019

Новогодишна атмосфера веќе се чувствува во Клиничката Болница во Битола. Денес убав гест од страна на Бугарскиот конзулат во Битола. Ги израдуваа најмладите наши пациенти на Детското одделение како и дечиња кои се згрижени на другите одделенија во ЈЗУ Клиничка Болница. Бугарскиот конзул Димитар Иванов им подари новогодишни пакетчиња и подароци и им посака многу здравје. Од името на вработените во Клиничка Болница Битола како и од името на најмладите наши пациенти им се заблагодари директорот Др. Зоран Лазаров

Пред Ноговодишните празници има голем интерес од страна на јавни и приватни организации за донирање на пакетчиња и друга помош во болницата. Портпаролката Сузана Конеска апелира дел од донациите да се наменат покрај за децата и за другите пацинети во болницата за и тие да можат да ја почувствуваат празничната атмосфера.БОЛ

БОЛ2

БОЛ3

БОЛ4

БОЛ5

БОЛ8

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани