Татко од Битола осомничен за полов напад врз трите деца

Декември 23, 2019

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 58-години, осомничено дека сторило три продолжени кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.

Осомничениот, повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола извршил други полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, 8 и 6 години.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување притвор за осомничениот.  Судот го прифати предлогот и на лицето му определи притвор во траење до 30 дена.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани