Од понеделник секој ден од 11 до 13 часот ќе се читаат бајки за деца во Библиотеката

Јануари 10, 2020

Од понеделник секој ден од 11 до 13 часот во Националната универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ ќе им се читаат бајки на децата, во детската читална. Проектот е насловен „Да им читаме на децата“.

Од Библиотеката порачуваат: „Треба само да ги донесете Вашите деца без мобилни телефони!!!“

Нема ограничување на возраста.

Книгите се нешто волшебно. Тие им овозможуваат на децата да откријат нови светови, да запознаваат нови работи и да учат за минатото, но исто така имаат и преобразувачка моќ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани