2win800x200

Се реконструира „Римскиот пат“ кој води до античкиот локалитет Хераклеа

Јануари 13, 2020

Во тек е реконструкција на пристапниот пат до Хераклеа Линкестис, таканаречен „Римски пат“, каде ќе бидат вклучени пешачки зони, соодветно хортикултурно уредување и инсталација на соларно осветлување, рече на денешната прес конференција Емилија Костурска, советник во Општина Битола. Со децении назад брони туристи од земјава и светот газеа по земја, во прашана и кал за да ги видат ископините од античкиот град. Советничката наведе дека оваа активност е дел од проектот СМАРТ-КУЛ-ТУР кој се имплементира во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија-Албанија и е со вкупен буџет од над 700.000,00 евра.

Според Костурска во 2020 година власта продолжува со реконструкција на регионални и локални патишта како и улици низ градот.

-Во 2019 година, се изврши рехабилитација на  дел од  регионалниот пат Битола-Демир Хисар, во вредност од над 1 милион евра, што претставуваше огромен влог и заложба на централната власт. Во тек е реконструкцијата на регионалниот пат Битола-Тополчани - Прилеп со инвестиција од 960 илјади евра. Се работеше на рехабилитација на делници после повеќе од 60 години. Проектната документација за рехабилитација на Битола-граница со Грција е готова и во оваа 2020 ќе започне да се работи и на таа делница. Реконструиран е патот кон селата во правец Битола-Бистрица со средства обезбедни од Јавното претпријатие за државни патишта. Патот Кажани-Маловиште започнува да се реконструира, рече Емилија Костурска, советник во Општина Битола на денешната прес конференција.

Костурска рече дека во 2019 година, низ општина Битола се рехабилитираа и реконструираа повеќе улици. За две години изработена е инфраструкурата во АРМ 1 и АРМ 2, каде целосно е завршена изградбата на започнатите улици, а целосно се изградено осум нови улици: раскрсницата помеѓу улиците Григор Прличев-Крушевска Република и Дедо Иљо Малешевски, целосно е изградена улицата Дедо Иљо Малешевски, Григор Прличев, Св. Јован Кукузел, Тодор Скаловски, Илија Николовски Луј, Митрополитска, Рокдејл, и улица Баница; целосно асфалтирани се улиците Широка, Михаил Апостолоски-Дончо и улица Леринска.

-Улицата Климент Охридски која претставува главна артерија во центарот на градот е целосно реконструирана со променет водовод и канализација. Целосно се реконструира улицата Крушевска Република, дел од улицата Кленовец, и уште многу други улици низ градот и кон градот кои се уредија, реконструираа, тампонираа, наведе Костурска додавајќи дека и патот кон селото Лавци не само што се асфалтира, туку селото доби и водовод и канализација.

За оваа година таа најавува по засилено  темпо на реконструкција и рехабилитација на локални и регионални патишта во соработка со јавните претпријатија во општина Битола и со централната власт. Преку Проектот за поврзување на локални патишта, за рехабилитација, реконструкција и надградба на патишта, општина Битола доби 1.500.000 евра.

-Илинденска, Партизанска, Македонска Фаланга, Рузвелтова, како и  голем број на улици во приградските населби и селата се само дел од инфраструктурните зафати со кои го продолжуваме инвестицискиот циклус, рече советничката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани