2win800x200

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Декември 09, 2017

На 9 декември  1943 г. кај месноста Сувата Чешма, кај село Бараково, Горноџумајско /ден. Благоевградско/, Пирински дел на Македонија, е убиен Никола ПАРАПУНОВ, припадник на македонското националноослободително и бугарското комунистичко движење и учесник и организатор на антифашистичката борба во Пиринскиот дел на Македонија.

Роден бил во Мехомија /денешен Разлог/ на 1 јули 1909 г.

Како ученик во средно-техничко училиште во Софија, станал член на бугарската младинска комунистичка организација. Се вратил во родниот крај и ја обновил партиската организација на БКП. Водел борба против врховистичката ВМРО на Иван Михајлов. Бил уапсен во 1933 г. и бил осуден на 15 г. затвор. Во затворот раководел кружоци и држел предавања за националното прашање, посебно за македонското. По излегувањето од затвор во 1941 г., станал еден од главните комунистички активисти и организатор на партизанските единици во Пиринскиот дел на Македонија.

Во летото 1941 год. ја организирал првата партизанска група во Пиринска Македонија. Од септември 1941 г. бил секретар на Окружниот комитет на БКП, а подоцна бил и член на Штабот на 4. востаничка оперативна зона (ВОЗ). Се застапувал за заедништво на партизанските движења од трите дела на Македонија.

Загинал во заседа од војската и полицијата. Под неговото раководство во 1943 год. формиран Разлошкиот партизански одред „Јане Сандански“. По неговата смрт Разлошкиот партизански одред го носел неговото име.

                                                                                                                                 подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани