Webp.net gifmaker

Штедливите ЛЕД светилки се поставуваат низ општина Новаци

Јануари 24, 2020

Новите штедливи ЛЕД светилки веќе се поставуваат низ општина Новаци. Општина Новаци ќе добие најмодерен ,најефикасен и најекономичен систем на улично осветлување во регионот согласно договорот за ЈПП, велат од општината.

-Инвестираме во енергетската ефикасност и штедливост на системот на улично осветлување со квалитетно зголемување на осветленоста. Ја подобруваме социјалната и сообраќајна безбедност на граѓаните на општина Новаци. Заштедуваме и со тоа ги враќаме парите назад кај граѓаните. Продолжуваме посветено за општина Новаци, вели градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.

лај

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани