2win800x200

Сите со колите в град, автобусите полупразни кружат

Јануари 31, 2020

Битолчани само на фејсбук плачат за аерозагадувањето, денеска не ги паркираа  автомобилите и не ги послушаа препораките на Општината во загаден ден каков што е денеска да го користат јавниот градски превоз, кој за нив возеше бесплатно. Напротив автубусите денеска кружеа околу градот полупразни, додека автомобилите како и секој ден правеа сообраќаен метеж особено во центарот на градот  и придонесуваа за дополнително вложување на сликата со аерозагадувањето во Битола.

Општината  согласно Одлуката за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 μg/m3,  ги известува граѓаните дека денес  јавниот градски превоз е бесплатен. На автобусите беа  истакнати табли дека провозот е бесплатен.

круз

сој

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани