2win800x200

Проодни сите патни правци во Општина Новаци

Февруари 05, 2020

По синоќешните интензивни врнежи од снег ,од рано изутринава ЈКП "Комунална Хигиена" од Новаци кое е ангажирано оваа сезона за зимско одржување на локалните патишта и улици на територија на општина Новаци ,со свои екипи и механизација интензивно работи на терен за целосно чистење на снегот и пробивање на локалните патишта и улици во сите населени места .

Од претпријатието изјавуваат дека екипите се мобилни и постојано на терен , се интервенира без прекин поготово во селата од Мариовскиот крај каде има и поголеми снежни наноси .Досега сите патишта се проодни и чистењето се одвива по однапред дефиниран план и приоритет.

Од страна на механизација ангажирани се три трактори со ножеви за чистење на снег распоредени на територијата на општина Новаци .

nov 2

мак

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани