Подмрзнат коловоз и застој на Плетвар

Февруари 06, 2020

 

Сообраќајот за тешките товарни возила на  преку планинскиот премин Плетвар се одвива забавено, со повремено пропуштање, информираат од АМСМ.

За останатите видови на возила сообраќајот се одвива без забрани, во зимски услови, но на одредени делови на Плетвар има застој и колони, с се пропуштаат по неколку возила,  информираат за апла.мк, возачи кои во моментот го минуваат овој патен правец.  

Силниот ветер прави наноси на снег на коловозот,  кој подмрзнува  на температура од  -5 степени, поради што е потребно крајно внимателно возење.

Екипите на Македонија пат  се на терен и го посипуваат патот со сол и ризла.

received 3082725015199786

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Слаб снег провејува во Ресен, Крушево, Делчево и на планинските премини Буково и Ѓавато, но за сега не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

IMG 09d5a3a9eba03c73eff542fa31f9b170 V

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани