Webp.net gifmaker

Трипуновски од Битола: Земјоделците се без сигурна егзистенција, ќе им ја вратиме надежта

Февруари 15, 2020

Дополнителниот министер за земјоделство во техмчката Влада, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска го посети Пелагонискиот регион и во изјава за медиумите рече дека поради лошите политики на оваа власт земјоделците се без сигурна егзистенција.

-Самите земјодлеци наоѓаат забелешки на селективната исплата на субвенциите, погрешни мерки, едноставно, нема сегмент во кој што нема некои забелешки од политиките на актуелната власт во земјоделскиот сектор. Подобрите времиња допрева доѓаат за македонскот земјодлец, затоа што тој ќе биде на врвот на приоритетите на новата Влада, рече Трипуновски.

Тој рече дека досега не остварил средба со раководството во ПЕ на Министерсвтото за земјоделство во Битола, допрва планира посета, но генерализираше дека сите подрачни едници во државата работат незаконски.

-Воочив дека во подрачените единици на Министереството за земјоделество има сериозни отстапувања од законското работење. Во оваа ПЕ во наредниот период ќе остварам посета и ќе разговарам за актуелните ситуации. Но она што сакам да го генерализирам во делот на ПЕ има отстапаки од законското работење, открив неправилности и ќе поведам постапка, затоа што мора да се работи согласно законот, рече дополнителниот министер за земјоделство, Трипуновски.

На средбите земјодлеците од Пелагонија најмногу му се жалеле на ниските откупни цени за млекото, поради што многумина одлучили да го намалат своето стадо. Трипуновски им ветил дека новата Влада на ВМРО-ДПМЕН има серизони мерки и политии со кои ќе се врати надежта во овој сектор.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани