Пред земјоделците од Општина Могила реализирана презентација за мерката 113

Февруари 21, 2020

На барање на градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска, денеска во просториите на Советот на Општина Могила се одржа презентација на мерката 113 – Поддршка за потикнување на земјоделското производство. Презентацијата беше одржана од страна на тим од АПРЗ во состав Борче Петковски – заменик на директорот, Андреа Соколовски и Љупчо Мојсовски - советодавци. 

 На средбата беа присутни земјоделски производители од Општина Могила кои имаа прилика за се запознаат со поволностите на оваа мерка која за првпат се објавува, како и со прифатливите трошоци и критериумите за апликација. Посебен акцент беше ставен на улогата на АПРЗ во целокупниот процес, преку обезбедувањето на помош во процесот на комплетирање на документацијата потребна за овој јавен повик.  

 Присутните фармери изразија задоволство од одржаната презентација и побараа вакви средби за сите мерки и јавни повици со цел подобро да се информирани со можностите за инвестирање.

јассс сс

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани