2win800x200

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го спроведе проектот за реконструкција на локалниот пат Дрмени-Лавци

Февруари 26, 2020

 Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски извршија увид на градежните активности и реконструкција на локалниот пат Дрмени – Лавци.

-Во завршна фаза е реконструкцијата на три километарскиот патен правец Дрмени- Лавци. Реконструкцијата на патот чини 11,2 милиони денари, а од нив 1,7 милион денари се средства обезбедени од Општина Ресен. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, имплементиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, вели Гого Видимче директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион .

гого 1

 



Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани