2win800x200

Лажна вест е дека професорка од Медицинско била на скијање во Италија, некој сака да шири паника, велат од училиштето

Март 11, 2020

Лажна вест е дека професорка од Средното медицинско училиште во Битола била  на скијање во Италија, реагираа од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола. Оваа лажна вест се појави деновиве  на социјалните мрежи и некои портали, кои пишуваа дека професорка од Медицинско била хоспитализирана, откако задно со заразената со коронавирус докторка од Клиниката за кожни болести биле на скијање во Италија, што  предизвика вознемиреност кај родителите и ученицте. Но, од училиштето велат дека ги направиле сите проверки кај нивните вработени, по што се потврди дека станува збор за шпекулација, затоа што ниту еден вработен не бил на скијање во Италија. 

-Чувствувам обврска да одговорам на лажните вести и клеветите кои се шират низ порталите. Никој од вработените во нашето училиште не беше на скијање во Италија или на ризични места. Некој сака непотребно да шири паника и да наштети на угледот на училиштето, реагираше в.д. директорката на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Наташа Илиева.

Медицинското училиште на својата ФБ страница објави и апел до учениците и колегите, совесно да се однесуваат за време на принудниот одмор. Апелот го обајвуваме интегрално

Драги наши ученици, идни ЗДРАВСТВЕНИ работници!

Да нема недоразбирање, добивме принуден одмор и ова е прилика да ви се обратиме да го искористите НАЈСОВЕСНО што можете. Под најсовесно би сакале да потенцираме максимални ДОМАШНИ услови, а НЕ кафичи и места кои би ја направиле ситуацијата со вирусот посериозна од што е, а и самите веќе гледате колку е. Да покажете дека сте зрели да се справите со ситуацијата, да превенирате онака како што ТРЕБА и СИТЕ здрави да се видиме за две недели.

Со почит,

Тимот на ОСМУ 'Д-р Јован Калаузи'

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани