2win800x200

Земјоделците од Општина Могила доброволно со механизација се вклучија во дезинфекција на улиците

Март 19, 2020

Земјоделците од Општина Могила  добровоно со сопствена механизација се вклучија во дезинфекција на улиците во населените места. Согласно препораката на Кризниот штаб на Општина Могила вечерва од 19.00 часот започна да се врши дезинфекција на сите локални улици во 12 населени места во општината.

Градоначалничката Јасмина Гулевска упати благодарност до совесните земјоделци, кои волонтерски помaгаат во реализацијата на оваа активност се со цел поуспешно справување со превенцијата на коронавирусот во Општина Могила.

- Во денешната акција се вклучија 20 волонтери кои со сопствена механизација помагаа за извршување на дезинфекција.  Од утре продолжуваме со нова акција и во другите села согласно направениот план за дезинфекција,порача Гулевска.

могила 2

могила 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани