2win800x200

21 лице во самоизолација на територијата на општина Ресен, објави градоначалникот Гошаревски

Март 20, 2020

21 граѓанин  е во самоизолација во Преспа, а до сега не е регистриран ниту еден заболен од корана вирусот, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски. 

-Моја обврска е транспарентно и навремено информирање со состојбата околу COVID-19 (коронавирус) и со активностите кои се преземаат на територијата на општина Ресен. Во овој момент на територијата на општина Ресен немаме ниту едно лице заболено од COVID-19. 21 лице е во самоизолација на територијата на Општина Ресен, објави градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски.

Во општината преземени се активности за дезинфекција на сите воспитно-образовни институции вклучувајќи ја и градинката.

Се изврши дезинфекција на јавните површини, улиците и кантите за ѓубре во градот Ресен.

Општинската мобилна служба заедно со екипите на ЈЗУ Здравствен дом – Ресен стои на располагање на сите постари лица, хронично болни и лица со попреченост за купување и достава на храна, вода, средства за хигиена до нивниот дом.

Се изврши координирана посета на сите месни заедници од страна на претставници на Општина Ресен, ЈЗУ Здравствен дом- Ресен и ОВР- Ресен.

Постојано сме во координација со Центарот за јавно здравје, Здравствен дом- Ресен, Центарот за управување со кризи, ОВР и со Дирекцијата за заштита и спасување.

Општина Ресен уште еднаш апелира до сите жители на територијата на Преспа да останат дома и да не излегуваат без потреба, се со цел заштита на сопственото здравје, но и здравјето на другите луѓе.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани