Епидемиологот Тони Коњановски за последиците и ефектите од нападот на КОВИД 19

Март 25, 2020

Епидемиологот д-р Тони Коњановски од Центарот за јавно здравје во Битола, на својот ФБ профил објави информативен статус за последиците и ефектите од нападот на коронавирусот, кој ви го пренесуваме интегрално

Последиците и ефектите од Нападот на вирусот најчесто ќе се почувствуваат помеѓу петиот и четиринаестиот ден од периодот на инкубацијата. Се започнува некарактеристично како настинка, прелада или грипозна состојба вообичаена за многу вирусни заболувања во овој период од годината.

-фебрилност (зголемена телесна температура и треска), еден од првите и најчести симптоми со варијации од субфебрилност (нешто над 37С) до високи температури над 38,5С


-замор, малаксалост, главоболка и болка во мускулите се неспецифични знаци карактеристични и кај многу други инфективни заболувања.

Со оглед на тоа дека плуќата т.е дишните органи се цел на нападот и инавазијата на вирусот, следат,


-Јака болка во грлото


-кашлица, начесто сува, надразителна која покасно предизвикува и болка при кашлањето.


-кај половина од пациентите се појавува и диспнеа (недостаток, глад за воздух), а
околу 60% од пациентите имале и лимфопенија (ниска концентрација на лимфоцити).


-хемоптиза (искашлување на крв) и дијареа можат но не мора да се појават.

-Кај 80% од заболените, болеста поминува со лесна клиничка слика: температура, кашлица, без бронхопневмонија или со лесно воспаление на плуќата, со комплетно опоравување на заболениот.


-Кај 14% од пациентите болеста се манифестирала со тешка масивна пневмонија, диспнеа, болки во градите и промени во снимките на градниот кош.


-Кај 6% од заболените, Како последица на инфекцијата може да се појават и компликации какошто се акутен респираторен дистрес синдром (анг. acute respiratory distress syndrome, ARDS), RNAaemia (слично на viraemia – позитивен PCR наод во плазма), акутен инфаркт, како и секундарни инфекции, што многу често доведува до летален исход, 
напиша д-р Тони Коњановски, од Центарот за јавно здравје во Битола 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани