2win800x200

НА ДЕНЕШЕН ДЕН пред 97 години е роден Лазар Мојсов

Декември 19, 2017

На 19 декември во 1920 г. во Неготино е роден Лазар МОЈСОВ,  припадник на македонското и југословенското комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, државник, политичар, публицист, дипломат.

 

Гимназија завршил во Горни Милановац, Србија. Во времето на студентските денови на Универзитетот во Белград пред почетокот на Втората светска војна, тој бил активен припадник на прогресивното антифашистичко движење. Дипломирал на Правниот факултет во Белград.

Во текот на Националноослободителната војна и антифашистичка борба бил борец во партизанскиот одред „Добри Даскалов“, во баталјонот „Мирче Ацев“ и во Втората македонска ударна бригада. Работел во агитационо-пропагадното одделение на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.

По ослободувањето вршел повеќе државни и политички функции. Во март 1945 г. бил назнач ен за народен обвинител во Судот на националната чест на ДФМ.

Бил јавен обвинител на ДФМ (1949–1951) и претседател на Врховниот суд на НРМ (1953-1955).

Бил вонреден и ополномоштен амбасадор на ФНРЈ во СССР и во Монголија (1958-1961), амбасадор на СФРЈ во Австрија (1967-1969), во Гвајана и во Јамајка (1969-1974).

Покрај тоа бил шеф на Постојаната мисија на СФРЈ кај ООН (1969-1974) и претседател на 32-то заседание на Генералното собрание на ООН (1977-1978). Бил претседател на Претседателството на СФРЈ (1987-88).

Бил носител на значајниот орден „Партизанска споменица 1941“, како и на други југословенски и македонски награди и признанија. Починал во Белград, Србија, на 25 август 2011 г.

                                                                                                       Подготвил д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани