„Нискоградба“ цела ноќ ќе биде на терен, се чистат улиците од прв и втор приоритет

Април 01, 2020

 Екипите на ЈКП „Нискоградба“ денеска се на терен, а така ќе биде цела ноќ со цел комплетно да се исчистат од снегот улиците од прв и втор приоритет, како и регионалните патишта кои водат до селата во Битолско. Засега по улиците низ Битола фрлени с епо 10 тони сол и исто толку ризла.

-Во текот на целиот ден работиме на улиците од прв и втор приоритет да бидат чисти, нашата механизација на дел од сообраќајниците поминува и по неколку пати , бидејќи  врнежите од снег  се интензивни, а улиците треба да бидат чисти и пристапни и за возачите и за граѓаните. Во текот на денот   ги исчистивме и патиштата кои водат до селата во рамките на Општина Битола. Вечерва и за време на ноќта ќе се исчистат комплетно сите улиците во градот од прв и и втор приоритет. И утре ќе се чисти и ќе се посолува, изјави за Апла.мк директорот на ЈКП „Нискоградба“, Методи Силјановски .

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани