2win800x200

Битолската Библиотека организира празнична програма

Декември 20, 2017

НУУБ „Св. Климент Охридски“ во своите заложби за претставување на Библиотеката како место за дружење и промовирање на едукативни и креативни програми на деца и млади од сите возрасти организира празнична програма која што ќе ги обедини училишта, волонтери, родители и сите заинтересирани граѓани кои ќе можат активно да учествуваат во новогодишниот изглед на нивното омилено место за читање.



-Замислената  празнична магија во Библиотеката ја органицираат нашите библиотекари ,училишето за странски јазици „Rosetta Stone“, Здружението за развој на Ромската заедница - „Сумнал“ и ОУ „Коле Канински“ од Битола, велат од битолската Библиотека.

Програмата ја координираат волонтерите од Мировен Корпус David Scrivener кој две години ќе биде дел од тимот на библиотеката и Barbi Stimac од ОУ „Коле Канински“ - Битола, како дел од агенција за волонтерската служба при Владата на САД во соработка со Владата на Р. Македонија.

На 21.12.2017 година (четврток) во холот на Библиотеката учениците од ОУ „Коле Канински„ ќе се „дружат“ со книгите и ќе ја праваат новогодишна елка, креирајќи го просторот за одржување на новогодишните работилници.

На 22.12.2017 година (петок) со почеток од 10-12 часот во холот на Библиотеката ќе продолжат следниве активности: изработка на новогодишна елка, креативна работилница, читање со Дедо Мраз проследени со детски настапи, игра и забава.

-Дедо Мраз е миленик на децата. Во нивните очи тој е старецот кој доаѓа еднаш во годината, ги носи посакуваните подароци и ги прави сите среќни, исполнувајќи ги нивните желби и читајќи им ја приказната за Нова година, додаваат организаторите

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани