Webp.net gifmaker

Зелените пазари во Битола со ново работно време од 06:00 до 14:30 часот

Април 08, 2020

 

Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола дека работното време на пазарот во Битола е од 06:00 до 14:30 часот секој работен ден од понеделник до петок.

Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот и стапува на сила од среда, 8 април 2020 година.

Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да го почитуваат работното време и да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД 19 вирусот во државата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани