Шведска донација за битолската болница

Декември 22, 2017

Донација во опрема вредна 150 илјади евра доби битолската болница од шведската фондација Hand till hand. Опремата ќе биде распределена во неколку одделенија во болницата

-Оваа донација е исклучително значајна за нашата болница, но и за градот, затоа што ќе се подобрат условите за пациентите во нашата здравствена установа. За Интерното одделение има 24 болнички кревети, во  Одделението за неврологија дониран е ЕКГ и ЕЕГ апаратот. Во одделенијата за хирургија, ортопедија и гинекологија ќе бидат распределени  хируршки инструменти за отворена хирургија. Во оваа донација имаме опрема за една употреба, односно хируршки мантили, маски, капи итн, изјави Радмила Бајовска, главна сестра во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Од болницата најавуваат дека соработката со шведската фондација Hand till hand ќе продолжи, а фондацијата има главна цел  да помогне на лицата со посебни потреби, односно заедно со локаланата  самоуправа и болницата да се реализира  идејата  за изградба на  современ Центар за овие лица. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани